Обичаи и традиција - Градинка Орце Николов

Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

ottoman caffe 24 02 2025

Обичаи и традиција

Во рамките на проектот „Откривање на Турција – патување за малите истражувачи“, децата од група Јаболчиња, објект Први стапки, уживаа во автентично искуство преку возбудливи активности. При посетата на Отоман Кафе – Стара чаршија“ децата одблиску набљудуваа традиционално варење турско кафе на песок, откривајќи ја неговата специфична подготовка и значењето на овој ритуал во турската култура. Со интерактивната математичка игра на Wordwall алатката „Точно поврзи“ децата успешно ги поврзаа нумерираните чаши (1-10) со соодветен број на зрна од кафе. Исто така, малите готвачи подготвија традиционални гурабии, користејќи нестандардни мерки за мерење на состојките и дознаа дека во турската култура готвењето често се поврзува со семејните вредности, гостопримливоста и споделувањето со блиските.

Видеата можете да ги погледнете на следните линкови:

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе