Фараоните и нивната облека - Градинка Орце Николов

Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Фараоните и нивната облека 17 01 2025

Фараоните и нивната облека

Во текот на авантуристичко патување во далечниот Египет, децата од групата Пеперутки, објектот Бисерчиња, се запознаа со неговиот магичен свет и современите стилови на облека. Ја запознаа карактеристичната и впечатлива облека на фараоните составена од материјали соодветни за топлата клима на Египет, во форма на здолништа и елегантни фустани. Ова патување им овозможи на децата да ја почувствуваат магијата и богатството на древната египетска култура, додека стекнуваа нови знаења на забавен и интерактивен начин.
Се запознаа со приказната за фараонот Тутанкамон, кој оставил богато наследство откриено во неговата гробница, исполнета со златни богатства а ги воодушеви неговата позната златна маска, која претставува еден од најголемите археолошки наоди во историјата.

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе