И јас сум уметник…
Децата од групата Бубамари, објект Ѕвездички, во рамките на проектот „Патуваме во Шпанија“ преку ликовни игри, игри на улоги, разни нагледни и дидактички материјали се запознаа со традиционалната шпанска кујна, зачините, како се прави тортиља и дека Шпанија е најголем производител на маслиново масло. Децата се запознаа со дел од делата на познатиот уметник Пабло Пикасо, а потоа тие користејќи ја својата креативност создадоа убави уметнички дела во стилот на овој уметник.







Поврзани содржини