Моето сончево катче – Македонија
Во изминатите три месеци децата од групите Цветчиња, објект Ѕвездички, група Лавчиња, објект Први стапки, Зајачиња и Бубамари, објект Бисерчиња, со голем интерес учествуваа во проектот „Ја запознавам мојата земја“. Преку истражување, разговори и креативни активности се запознаа со македонските градови и села, традицијата, занаетчиството и природните убавини на нашата татковина. 🌸⭐🦁🐰🐞🏙️🏡🌳
Тие учеа за најпознатите македонски езера – Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, за птиците кои можат да се сретнат во нашите краишта, како и за традиционалната македонска храна. Посебно уживаа во практичните активности, кога заедно со гости подготвуваа традиционална пита и вкусни крофни. Се запознаа со градовите во Македонија, изгледот на македонските куќи и дворови, традицијата и научија за занаетчиството. 🌊🦅🥧🍩🏺🧱🌾
Проектот е заокружен со завршни приредба на која децата преку рецитали, игра и македонска народна песна пред своите родители го презентираа сето она што го научија за својата земја. 🎶💃🕺🎤👨👩👧👦🎓🌟







Поврзани содржини