Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Приказната за Снегурочка 20 01 2025

Приказната за Снегурочка

Децата од групата Лавчиња, објект Први стапки, во рамките на проектот “Русија, земја чудесна” се запознаа со матрошките (или матрјошки) – традиционални руски дрвени кукли во руска носија изработени најчесто од липа и бреза, наредени една во друга, кои се уметнички дела со длабока културна и историска вредност за руската култура. Тие помагаат во развојот на моториката, редот и структурата, но и во учењето на бројките (колку повеќе кукли имаат, толку повеќе бројки децата можат да научат). Се запознаа и со Приказната за Снегурочка, волшебниот лик од руската литература, симбол на зимата и снежната убавина, девојката направена од снег, со кристална чистота и нежност.

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе