Воспитно-образовната работа во воспитните групи од сите возрасти, се реализира согласно 📘 Програма за рано учење и развој, донесена од страна на Министерот за труд и социјална политика (Сл. весник бр. 46/2014 г.).
Согласно Програмата, целокупната згрижувачка и воспитно-образовна работа со децата од 8 месеци до 6 години, има за цел да овозможи:
- 👶 Згрижување и престој
- 🍼 Правилна нега
- 🥗 Здрава и безбедна исхрана
- 📚 Воспитно-образовни активности
- ⚽ Спортско-рекреативни активности
- 🎨 Културно-забавни активности
- 💊 Мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето
- 🧠 Поттикнување на интелектуалниот развој
- 💖 Поттикнување на емоционалниот развој
- 🏃 Поттикнување на физичкиот развој
- 🤝 Поттикнување на социјалниот развој
Централно место во работата на градинката има ДЕТЕТО 👦👧, за кое обезбедуваме:
- 🛡️ Соодветна нега и заштита
- ✅ Безбедна, здрава и стимулативна средина
- 🎯 Оптимални услови за учење, игра и правилен развој
- 📖 Поттикнување на раното учење и развој
- 🌱 Холистички пристап во работата со децата
- ⚖️ Почитување на детските права и заштита од дискриминација и злоупотреба
- 💬 Почитување и негување на сопствено мислење и слободно изразување
- 🛠️ Формирање на навиките и зајакнување на детските вештини
