📌 Протоколи донесени од страна на Влада на РСМ.

📝 Почитувани родители, ве известуваме дека нашата градинка постапува според протоколите и мерките за заштита од COVID-19.
Доколку имате потреба за згрижување на децата во градинка, треба да доставите потврди од вашиот работодавец за двајцата родители 🏢, дека работните задачи задолжително мора да се извршуваат на работното место, без можност за работа од дома.
Доколку сте самохран родител, се доставува една потврда.
Потврдите заедно со изјавата која е во прилог 📄 (може да се подигне и пополни и во градинката) треба да се достават во објектот каде што Вашето дете посетува градинка од 17 до 21 Август во период од 09:00-13:00 часот ⏰.
Задолжително е носење на маски 😷 и дезинфекција на обувки и раце 🧴 при влегување во просториите.
Како тим ќе се залагаме да овозможиме сигурна, безбедна и пријатна атмосфера за работа и заштита на нашите и Ваши дечиња 👶👧.
Во прилог Ви ги доставуваме протоколите по кои ќе работи целокупниот кадар на градинката, како и протоколите за родителите.
Ви благодариме за разбирањето! 🙏
Со почит, ЈУОДГ „Орце Николов“ – Карпош

📄 Изјава на родител 2020

🔗 Види повеќе

👩‍🏫 Протокол за воспитно – згрижувачки кадар 2020

🔗 Види повеќе

🍽️ Протокол за главни и чајни кујни 2020

🔗 Види повеќе

🥗 Протокол за дистрибуција на храна од главни кујни 2020

🔗 Види повеќе

🌡️ Протокол за лица одговорни за мерење на температура 2020

🔗 Види повеќе

👨‍👩‍👧 Протокол за родители 2020

🔗 Види повеќе

🛠️ Протокол за технички персонал 2020

🔗 Види повеќе