🤝 Соработка со родители
Градинката како јавна установа од отворен тип својата дејност успешно може да ја реализира со плодна соработка и инволвирање на родителите во целокупниот живот на децата во тој простор 🏫👨👩👧👦.
Во летниот период при упис на новите деца директорот и воспитниот кадар ќе прават консултации со родителите 📅💬 и ќе им се укаже на сите потребни подготовки за добро адаптирање на детето. Особено важна е довербата на родителите кон градинката и навременото споделување на информации 📝.
Соработката со семејството ќе се одвива низ следните форми:
- 1️⃣ Индивидуални разговори 🗣️ при донесување и заминување на детето за адаптација, прифаќање на воспитувачите, исхрана и социјализација
- 2️⃣ Групови разговори по потреба 👥
- 3️⃣ Посета на домови 🏡 (за запознавање на детето и семејството во нивното опкружување)
- 4️⃣ Состаноци за ориентирање 📌 (со воспитниот тим и други родители за дневните процедури и плански активности)
- 5️⃣ Писмено информирање 📄 (огласни табли, јавување за настани, изложби, претстави, родителски состаноци, сандаче за предлози и идеи)
- 6️⃣ Групни родителски состаноци 📅 (Септември, Февруари и по потреба)
- 7️⃣ Творечки работилници 🎨🧩 еднаш месечно за активно вклучување на родителите со децата (истражувачки активности, работа со природен материјал, новогодишен и велигденски базар, спортски активности, изложби, маскенбал, изработка на кукли и др.)
Воспитувачите во однос на соработката со родителите ќе се залагаат за следново:
- ✨ Да имаат ентузијазам и желба за соработка
- 📢 Да ги информираат родителите и да водат грижа за нивно активно учество
- 🙅♂️ Детето не треба да се споредува со другите деца
- 🤝 Родителите да се прифатат како партнери, а не само како набљудувачи
🌐 Соработка со други организации
За поуспешно развивање на дејноста, градинката соработува со организации од Градот, Републиката и пошироко 🏢🌍.
Соработката со основните училишта во близина се однесува на стручна размена на искуства, помош на деца што заминале во училиште, заеднички јавни настапи и активности на општинско ниво 🎓🏫.
Ќе продолжи соработката со Филозофски факултет, Педагошките факултети во Скопје, менторска пракса од Институтот за педагогија, психологија и дефектологија, библиотеката „Другарче“ 📚, Детски културен центар Карпош 🎭, Црвен крст ❤️, ЈП „Комунална хигиена“ 🚮, Паркови и зеленило 🌳 и други институции.
Градинката остварува непосредна соработка со Министерството за труд и социјална политика ⚖️ и со сите градинки во Скопје и Македонија 🌐.
Соработка со Поликлиника „Букурешт“ 🏥 преку стоматолози за превенција на кариес и орални заболувања 🦷.
Посети и активности со: Природонаучен музеј 🦖, Метеоролошка станица ☀️🌧️, Кинотека 🎬, ЗОО 🐒🦁, Луна парк 🎡, планината Водно ⛰️, маркети 🛒, занаетчиски дуќани 🛠️, ископини на Кале 🏰 и Пречистителна станица 💧.
