Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Нашата пирамида 04 03 2025

Нашата пирамида

Децата од групата Пеперутки, објектот Бисерчиња во рамките на проектот „Магичниот Египет“ со голема креативност и посветеност изработија модели на пирамиди и мумии, користејќи различни материјали како хартија, макарони и тесто. Преку оваа забавна и едукативна активност, тие не само што го развиваа својот уметнички талент и имагинација, туку и се запознаа со богатата историја и култура на древниот Египет. Научија за значењето на мумиите, нивната улога во верувањата на старите Египќани, како и за изгледот и симболиката на пирамидите — едно од најголемите светски чуда кое и денес ја восхитува целата планета.

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе