Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

turcija 05 05 2025

Броиме од 1 до 10 на турски јазик

Во рамки на проектот “Откривање на Турција – проект за малите истражувачи” децата од групата Јаболчиња имаа можност да ја откријат богатата култура на Турција преку две креативни и едукативни активности: “Турска носија” – постер со традиционална облека и “Броиме од 1 до 10 на турски јазик”. Преку активностите децата се запознаа со елементите на турската народна облека и ги развиваа своите фини моторни вештини, креативноста и тимската соработка. Со помош на забавната апликација ChatterPIX, децата ги изговараа броевите од 1 до 10 прво на македонски, а потоа на турски јазик. Оваа активност придонесе за проширување на јазичните знаења преку игра и технологија. Малите истражувачи со љубопитност патуваа низ Турција, сознаваа, создаваа и се забавуваа.


Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе