Орално здравје

Денес децата од групата: „Бубамари“ од објектот: „Ѕвездички“ имаа посета од поликлиника: „Букурешт“ со Др. Гордана и стом. сестра одржаа едукативно предавање на тема: „Орално здравје“, каде низ презентација преку слики и модели децата беа запознаени со:
„Градбата и функцијата на оралната празнина во склоп на првата работилница“. Во иднина ќе следат уште три работилници со истиот стоматолошки тим. Голема благодарност за соработката со споменатиот здравствен тим за грижата за оралното здравје на дечињата!!