Ја запознавам мојата земја
Во рамки на проектната иницијатива “Ја запознавам мојата земја” децата од група “Облачиња”, објект Први стапки во текот на месеците Септември, Октомври и Ноември реализираа низа едукативни и креативни активности со кои на непосреден и автентичен начин се запознаваа со убавините, симболите и културата на нашата држава.
Децата го изработија македонското знаме по повод 8 Септември-Ден на независноста, го составуваа грбот на Македонија преку сложувалка и ја изведоа македонската химна. Со примена на папир-маше ликовна техника создадоа 3Д рељефна карта на Македонија, а преку прошетката “Туристичка патека низ центарот на Скопје” ги истражуваа културно-историските локации во центарот на градот. Активностите завршија со изработка на макета на Плоштад Македонија со помош на 3Д модели на објектите карактеристични за оваа локација.






Поврзани содржини