Моето сончево катче – Македонија
Децата од групата Зајачиња, објектот Бисерчиња, во рамките на проектот„ Ја запознавам мојата земја“ твореа на тема „Моето сончево катче -Македонија“.
Децата се запознаа со традицијата, традиционалната храна и музика, при што имаа можност да ги разгледаат традиционалните садови за готвење и да научат за нивната намена во минатото. Тие ги слушаа звуците на традиционалните инструменти, откривајќи ја богатата народна музичка култура, и преку разговор и имагинација се обидоа да го замислат животот и времето кое постоело некогаш одамна. Преку активностите децата развиваа љубопитност, почит кон традицијата и интерес за културното наследство.







Поврзани содржини